| четврток, 6 декември 2018 |

Учителка од Берлин родила четворка на 65 години

Учителка од Берлин Анегрет Рауник, која има 65 години, родила четворки, јавуваат денеска германски медиуми.

8ly8lugo

Како што јави германската телевизија РТЛ, таа во вторникот во берлинска болница, со царски рез донела на свет три девојчиња и едно момче.

РТЛ известува дека четирите новороденчиња имаат големи шанси да ги преживеат евентуалните компликации, со оглед на тоа дека се родени во 26-та недела од бременоста.

Рауник пред да отпатува во странство на вештачко оплодување, веќе имала 13 деца.

Лекарите ја критикуваа нејзината одлука доведувајќи во прашање дали нејзиното тело ќе биде физички во состојба да ја изнесе бременоста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top