Албанскиот премиер Еди Рама го откри денеска во Приштина споменикот на Исмаил Ќемали и порача дека „заедничкиот покрив на Албанците е Европа“, а оти во Прешево „бараат само духовно и културно обединување“, јави Танјуг.
Во тоа, одделни медиуми, како што пренесува „Експрес“, гледаат промена во ставот на Рама за националното обединување на Албанците.
– Кога поставуваме споменик на Ќемали, тоа значи дека повторно се радуваме, но не од слеп национализам – рече Рама на церемонијата.
„Експрес“ пренесува дека Рама на церемонијата на откривањето на споменикот во Приштина говорел само за културно и духовно обединување на Албанците и оти истакнал дека „не може да се погази зборот даден на Американците и на Европа“.
– Ако Албанците сакаат да гледаат во очи на Ќемали, треба да знаат дека треба да бидат обединети, но во Европа, и да знаат оти никој не може повеќе да не омаловажува. Овој споменик значи и предизвик за нов почеток, а до тука стигнавме барајќи правда, никако газејќи ги другите – порача Рама.
– На сите нас заеднички покрив треба да ни биде Европа – рече албанскиот премиер, кој потоа говореше за историјата на прогласување на независноста на Албанија и улогата на Исмаил Ќемали во тој процес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Рама гаѓан со чевел: Го нападнале демонстранти, полицијата спречила поголем инцидент (Видео)
-
Рама до полицијата: Политиката оставете ми ја на мене, вие бидете ефикасни
-
Тачи го претставил својот план за договор со Србија пред амбасадорите во Приштина
-
За Беса Илинденска Македонија е неприфатливо име за Албанците