Поројните дождови во Хрватска предизвикаа поплави на неколку места во околината на градот Копривница во северниот дел на земјата, а во околината на Вировитица, исто така на север синоќа беа регистрирани околу 2.500 грмотевици во период од два и пол часа.
Во тој регион е сопрено движењето на некои од локалните патишта, а автомобилите се пренасочуваат кон побезбедни патишта.
Поплави има и во североисточниот град Вараждин, каде повеќе од 30 часа врне пороен дожд. Четири од локалните патишта во тој регион се затворени за движење. Запрено е и движењето на возовите, а патниците се превезуваат со автобуси.
Во крајбрежната област на Далмација поради засилен ветер воведено е строго ограничување на брзината на автопатопт А1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.