| четврток, 6 декември 2018 |

Шумахер е сѐ подобро

Сабине Кем, портпаролката на Михаел Шумахер, откри дека здравствената состојба на седумкратниот светски шампион во Формула 1, продолжува да се подобрува.

Поминаа 17 месеци од несреќата при скијање, по која Шумахер беше во кома и претрпе тешки повреди на главата.

Среќни сме што можеме да кажеме дека неговата здравствена состојба е се подобра, кога ќе се земе во обѕир сериозноста од повредата која ја имаше – изјави  Кем.

Таа додаде дека ушто долго ќе трае борбата за сите кои се вклучени во опоравувањето на Шумахер.

Германскиот возач во кариерата освои рекордни седум шампионски титули во Формула 1 и оствари 91 победа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top