| четврток, 6 декември 2018 |

Србија од „Егзит“ заработи повеќе од 100 милиони евра

 

егзит

Српската економија досега од музичкиот фестивал „Егзит“ инкасирала над 100 милиони евра, а во следната деценија ќе генерира уште најмалку толкава сума, соопштија организаторите на „Егзит“.

– Воедно, годишната зарботка на српскиот туристички сектор од музичкиот фестивал во Нови Сад се проценува од 10 до 15 милиони евра, а овие податоци се поклопуваат и со проценките на Владата на Србија, се наведува во извештајот на независната консултантска куќа „Booz Allen Hamilton“.

Интересот за овогодишниот фестивал е исклучително голем, а се очекува доаѓање на гости од над 60 држави. Цените на хотелското смествување за време на „Егзит“ двојно се зголемуваат, а заработуваат и сопствениците на приватни станови.

Капијата на Петроварадинска тврдина ќе биде отворена од 9. до 13 јули, а посетителите ќе го прослават 15. роденден на „Егзит“.

Настап на фестивалот потврдија „Motorhead“, „Manu Chao“, „Faithless“, „Hardwell“, „Emeli Sande“, „John Newman“, „Capital Cities“, „Clean Bandit“, „Tom Odell“, „Martin Garrix“, „Tal of Us“, „Adam Beyer“, „Chris Liebing“, „Eagles of Death Metal“, „Fear Factory“, „Zomboy“, „Roni Size Repeazent“, „Napalm Death“, „Octave One“, „Eyesburn“, Душко Гојковиќ, „Хладно Пиво“ и уште 1.000 уметници од цел свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top