Најмалку 30 лица загинаа денеска кога бомбаш-самоубиец се саморазнел во една шиитска џамија во местото Ал Кадех во источниот дел на Саудиска Арабија, соопштија властите во Ријад.
Сведоци на настанот за локалните медиуми изјавила дека виделе „триесетина мртви тела“ како лежат на подот од тешко оштетената џамија „Имам Али“ во Ал Кадех.
Нападот бил изведен во време на редовната петочна молитва, кога во џамијата имало повеќе од 150 верници.
Досега никој не презеде одговорноста за овој напад.
Во Саудиска Арабија живее многубројно малцинство на шиити муслимани. Тие се главно населени во источниот дел на земјата и повремено протестираат барајќи повеќе права за својата верска заедница. Ова е прв ваков напад врз шиитска џамија во Саудиска Арабија.
Терористичкиот напад доаѓа по воздушните напади што саудиската авијација ги извршува врз позициите на шитските бунтовници во соседен Јемен.
Властите во Ријад се изложени и на закани од џихадистите од Исламска држава, кои се напаѓани од меѓународната коалиција во која има и сунитски држави, меѓу кои е и Саудиска Арабија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.