Што се случува кога жената ќе го одбие запросувањето? Во некои делови од светот не е како во романтичните филови. Сликите кои имате прилика да ги видите можат да бидат вознемирувачки.
Во многу делови од светот жените се присилени да се мажат, затоа што одговорот „не“ не постои како опција или доколку се случи да го одбие мажаот, ја чекаат страшни последици.
Жените кои имате прилика да ги видите се од Пакистан. Тие одбиле да се мажат. Мажите кои би требало да ги сакаат до крајот на животот ги унаказиле за цел живот.
Фотографиите ги има направенот фотографот Емилио Моренати, кој што на овој начин сакал да ја подигне свеста во врска со семејното насилство, но и да им даде глас на жените кои што се жртви.
На триесетгодишната Ирум Сеад половина лице и е запалено, грбот и рамената кога имала 18 години. Во таа прилика несреќната девојка останала без едно око. Момчето кое што го одбила ја полеал со киселина. До сега имала 25 корективни пластични операции.
Некои од овие храбри жени никогаш не сакале да одат на пластични операции, додека други се труделе повторно да го вратат својот стар изглед колку и да е тоа можно.
Вакви случаи има и во државите како што се Камбоџа, Авганиста, Индија, Бангладеш, Пакистан и околните земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.