| четврток, 6 декември 2018 |

Познати сите финалисти на „Евровизија 2015“

Rehearsals - 60th Eurovision Song Contest

По завршувањето и на втората полуфинална вечер од шеесеттото јубилејно издание на Евровизија, познати се 27 земји кои со своја песна ќе настапат во финалето.

Од второто полуфинале се пласираа следните десет претставници на Литванија, Полска, Словенија, Шведска, Норвешка, Црна Гора, Кипар, Азербејџан, Латвија и Израел.

Без финале останаа Ирска, Сан Марино, Малта, Португалија, Чешка, Исланд и Швајцарија.

Од првото полуфинале во вторникот, се пласираа претставниците на Србија, Албанија, Ерменија, Русија, Романија, Унгарија, Грција, Естонија, Грузија и Белгија.

На дваесетте пласирани од двете полуфиналиња ќе им се придружат и домаќинот Австрија, како и претставниците на големата петка Франција, Велика Британија, Шпанија, Германија и Италија, и по прв и единствен пат поради јубилејното издание, ќе настапи и Австралија.

Даниел Кајмакоски кој беше претставник на Македонија не успеа да избори пласман по првото полуфинале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top