| четврток, 6 декември 2018 |

Нина Ангеловска најуспешна менаџерка според „Марили“

marili
Агенцијата „Марили“ ги избра десетте најуспешни менаџерки во Македонија во рамки на 17. по ред манифестација „Избор на 10 најуспешни менаџерки за 2012 година“.
Целта на манифестацијата е да се промовираат вистинските вредности и позитивни примери во областа на бизнисот. Успешните менаџерки се од најразлични области и дејности во економијата и се избрани според утврдени критериуми.
За 2012 година најуспешните десет менаџерки се:
1. г-ѓа Нина Ангеловска, генерална менаџерка, „Принц Маркети“ – Скопје
2. г-ѓа Радмила Чобанова – Василевска, менаџерка на сектор за контрола на квалитет, „Бимилк“ – Битола
3. г-ѓа Ана Велковска, генерална менаџерка, „Канди шпед“ – Скопје
4. г-ца Радмила Димовска, генерална менаџерка, „Круна МС“ – Скопје
5. г-ѓа Емилија Зографска, менаџерка во оддел за односи со јавност, „Оне“ – Скопје
6. г-ца Славица Илијеска, генерална менаџерка, ресторани „Македонска куќа“ – Скопје
7. г-ѓа Силвана Петровска, менаџерка за ЉПС и инженеринг на трошоци, „Вабтек МЗТ“ а.д. – Скопје
8. г-ѓа Лидија Станчевска, генерална менаџерка, „Нет пре“ – Скопје
9. г-ѓа Шпреза Цапа, извршна менаџерка, „Дебарски Бањи“ а.д. – Цапа
10. г-ца Драгана Чифлиганец, извршна менаџерка, „Адора инженеринг“ – Скопје
Специјално признание ќе и биде доделено на г-ѓа Есма Реџепова, по повод 55 години јубилеј.
Во рамките на манифестацијата свое обраќање ќе има министерката за култура, Елизабета Канческа – Милевска.
Промоција ќе има и новото издание на бизнис-каталог на Република Македонија – 2013 година, збогатено со нови содржини.  На манифестацијата свој настап ќе има младата виолинстка Ева Богоевска, а целиот настан ќе биде заокружен со модна ревија и со коктел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top