Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска изјави дека нема да има никакви средби во рамките на Г-8 со Русија, додека Москва не ги почитува основните заеднички вредности на демократијата и владеењето на правото.
– Настаните во Украина се причина, поради која во Елмау ќе се сретнеме во формат Г-7, а не Г-8, изјави Меркел пред Парламентот, зборувајќи за форумот во Баварија следниот месец кој ќе се одржи без учество на Русија.
Ние Г-7 ја гледаме како збир на вредности. А тоа значи да работиме заедно за слобода, демократија и владеење на правото. Тоа значи да се почитуваат законите на државите и нивниот територијален интегритет, истакна Меркел.
– Акциите на Русија во Украина не се во согласност со тоа. Не може да зборуваме за враќање на форматот Г-8, додека Русија не дејствува согласно тие основни вредности, нагласи германската канцеларка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


