Собранието на Република Македонија од денеска и формално доби сертификатот ИСО 9001:2009.
Меѓународниот сертификат е доделен врз спроведувањето на сите иновации и стандарди во работењето, пред сè во подигање на законодавниот процес и парламентарната демократија.
– Сертификатот не е само признание за постигнатиот квалитет, туку и предизвик за натамошното спроведување на најдобрите практики, иновации и стандарди на секојдневното работење во законодавниот дом – се наведува во соопштението од Собранието на РМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



