Полицијата од албанскиот град Пермет, околу полноќ, приведе 26 илегални емигранти од арапските земји откако илегално ја минале грчко-албанската граница, јави дописникот на МИА од Тирана.
Уапсен е албанскиот државанин Арбен Топовити(45) под обвинение „давање помош за нелегално минување на државната граница“.
Според полицијата приведените имигранти изјавиле дека нивна цел било да стигнат во некоја од земјите на ЕУ. Минувањето од Грција, преку Албанија во Црна Гора им го организиран нивен сонародник и негови соработници за шtо платиле по илјада евра секој од нив. Со грчката страна се работи на откривање на организаторот.
Од почетокот на годинава албанската полиција има приведено над две илјади илегалци, главно од Еритреа,Сирија, Пакистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре



