Во „Штатхале“ во Виена вечерва се одржува второто полуфинале од „Евровизија“, а 17 земји ќе се борат за останатите 10 места во финалниот натпревар в сабота.
Пред публиката ќе настапат претставниците на Литванија, Ирска, Сан Марино, Црна Гора, Малта, Норвешка, Португалија, Чешка, Израел, Летонија, Азербејџан, Исланд, Шведска, Швајцарија, Кипар, Словенија и Полска.
Стручното жири и публиката, како и во првото полуфинале, ќе имаат можност да ги изберат десетте учесници кои ќе се пласираат во финале, каде што досега учество изборија Албанија, Ерменија, Русија, Романија, Унгарија, Грција, Естонија, Грузија, Белгија и Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.