| четврток, 6 декември 2018 |

Состојбата во Македонија сè уште не се рефлектира врз странските инвеститори

Ekonomska zona Bunardzik (33) (Custom)
Актуелната состојба во Македонија засега не влијае врз работењето на странските инвеститори, но потенцијалните вложувачи со внимание ја следат и ги забавуваат своите одлуки, оценува претседателот на Македонско–турската комора (МАТТО) Туна Ејуп Кахвеџи и претседателот на Советот на странските инвеститори при Стопанската комора Хуан Педро Химерез Наваро.

Кахвеџи и Наваро од вчерашната средба во Скопје порачаа дека инвеститорите здружени во двете асоцијации и натаму ќе работат на унапредување на деловната и инвестициската клима во Македонија, како и на засилување на приватно-јавниот дијалог.

Средбата, како што информираат од МАТТО, беше со цел обединување на ставовите и преземање заеднички активности во тој контекст.

Заклучно со 2014 година вкупните турски инвестици во земјава изнесуваат околу 830 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top