| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните испратија јасна порака: Македонија нема да дозволи да ја предводи човек кој со деструктивни сценарија ја кочи државата

Деструктивното сценарио на СДСМ има за цел да ја закочи државата, нејзиното нормално функционирање и да внесе страв кај граѓаните. И секогаш како по правило кога Македонија ќе постигне некаков успех, некаков чекор нанапред се случуваат деструкции, напади и обиди за кочења.

Vmro Miting Zaedno sme posilni 18 05 15 (18) (Custom)

Премиерот Никола Груевски во говорот пред повеќе од 90 илјади граѓани на најголемиот собир досега истакна дека пред две недели објавено е од страна на Европската комисија дека Македонија има највисок економски раст во Европа.

-И покрај сценариото кое се одвива веќе неколку месеци, Европската комисија ја објави пролетната прогноза, дека Македонија, која во 2013-та и 2014-та имаше втор највисок раст на економијата во Европа, веќе годинава 2015-та и следната 2016-та ќе има, не втор, туку највисок економски раст во Европа. И оваа и следната година. Тоа значи и многу инвестиции, и многу нови работи места, и многу повисок извоз, и многу посилен туризам. Кратко по оваа објава, во Македонија пристигна најопасната терористичко криминална група во југоисточна Европа, со цел да ја дестабилизира Македонија, со искусни терористи од различни боишта и војни. За неполни триесет саати, македонските полициски сили целосно ја неутрализираа оваа група, истакна Груевски.

Тој уште еднаш оддаде признание за професионалноста на акцијата на македонската полиција истакнувајќи дека македонските полициски сили покажале невидена храброст, пожртвуваност,одлучност  и херојство, во најсложената полициска операција.

-Додека тие се бореа ставајќи си го животот во огромен ризик, опозицијата  се подбиваше дека полицијата си играла камај, дека се било договорено и од нас организирано, и тоа беше наменето за Македонците. За граѓаните Албанци, контолираните медиуми од СДСМ и Милчин, работеа на нивно подпалување, со дезинформации дека се убиени многу цивили, дека е убиено мало девојче и што ли уште не. Лагите излегоа на површина. Нема убиени и повредени цивили, а штетата настаната по имотите на луѓето кои живеат таму, целосно ќе ја покрие државата. Не им успеа, потенцираше премиерот.

Зад целото ова сценарио чиј инструмент е Заев се кријат финансиски и лични интереси, а тоа го покажуваат бројните финансиски малверзации и афери зад првиот човек на социјалдемократите.

-Нивниот експонент и инструмент кој видовме како Струмица си ја направил свој пашалак, своја приватна фирма, своја крава молзница, кој покрај редовните ниски даноци, си вовел сопствени лични даноци, за свое лично богатење, нема да ја оствари својата цел. Овој човек, не само што нема да биде Премиер, тој веќе никогаш нема да ја добие довербата на Струмичани да биде нивни градоначалник. Поминаа неговите 5 минути и во Струмица, а Македонија никогаш нема да дозволи да и се случи Заев, изјави Груевски.

Премиерот, на најголемиот собир досега пред над 90.000 граѓани, уверено додаде дека Македонија никогаш нема да дозволи да и се случи да ја води човек, кој гордо испраќа смс пораки кај претседателите на други политички партии во кој соопштува, дека не граѓаните на Македонија, туку некои однадвор ќе го донел на власт и ќе го направел премиер. Ваквите пораки за кои нема срам кај лидерот на СДСМ не се негирани.

-Македонија никогаш нема да дозволи да и се случи премиер кој бесрамно огромен број на тендери на општината каде е градоначалник ги делел на роднините, браќата, стрините, чичковците и братучедите. И по нешто на партиските функционери во градот, нагласи Груевски додавајќи дека на Македонија не и е потребна политичка гарнитура која свесно се става на располагање на странска разузнавачка служба која има своја сопствена цел.

Премиерот посочи и дека на Македонија не и е потребен премиер кој јавно и отворено ќе бара од сопствениот народ да си ја витка кичмата, туку потребен и е премиер кој ќе се бори и ќе бара начини за достоинствено решавање на проблемите со кои се соочува.

-Македонија нема да си дозволи да ја предводи човек кој со деструктивни сценарија, и дестабилизација на државата сака да се дограби до функцијата, кој нема свој став и е воден од локален преставник на еден меѓународен милијардер, кој има влијание во највлијателните меѓународни медиуми, а држи под своја контрола повеќе од половината медиуми во Република Македонија, и ужива во филмот дека е способен со неговите пари да менува влади и да менува волја на народ, вели премиерот Груевски пред над 90 илјади граѓани кои присуствуваа на народниот собир во понеделникот и јасно покажаа за кого се определуваат и кому му ја даваат поддршката.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top