Двократниот шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон по долги преговори потпиша нов договор со Мерцедес со траење од три години. Хамилтон треба да заработува неверојтни 40 милиони долари по сезона.
Мерцедес е мојот тим. Пресреќен сум што ќе возам уште три години за овој тим. Мерцедес го подржуваше мојот развој уште од 1998 година, па со новиот договор кој е со важност до 2018 година ќе завршам еден дваесетгодишен циклус – изјави Луис Хамилтон.
Управата на Мерцедес не го криеше задоволството што го продолжи договорот со својот прв возач кој е актуелен шампион и лидер во овогодинешниот шампионат.
– По извонредните успеси минатата сезона, наш приоритет беше да потпишеме нов договор со Хамилтон. Знаевме дека имаме доволно време за преговори, не избрзавме и денеска со гордост можеме да кажеме дека договорот е комплетиран – изјави директорот Тото Волф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент