Американски експерти и поддржувачи на евро-атлантската перспектива на Македонија, на дискусија одржана во Вашингтон, оценуваат дека грешката направена во Букурешт во 2008 година со блокирањето на приемот на Македонија во НАТО е причината за дестабилизацијата на Македонија денес. На дискусијата во седиштето на Обединетата Македонска Дијаспора во Вашингтон, на која присуствувале и претставници на Советот за национална безбедност во администрацијата на претседателот Барак Обама, било побарана и поголема политичка стабилност во земјата како и враќање на опозицијата во Собранието.
– Она што сега го гледаме во Македонија, мислам дека делумно е манифестација на тоа што се случува кога го игнорирате регионот на Балканот. Кога од една страна го искушувате регионот со евро-атланска интеграција, а од друга страна вратата останува затворена, и тоа самит по самит. Тоа го видовме и на последниот самит на НАТО во Велс, кога Црна Гора не доби покана, Грузија не доби акционен план за членство, а Македонија не доби покана за членство иако ги исполни сите критериуми за приклучување кон Алијансата, оцени Лук Кофи, безбедносен експерт на влијателната конзервативна фондација Херитиџ, пренесе Македонската Телевизија
Сели Пеинтер од компанијата Блу Стар Стратеџис, која работела на поддржување на проширувањето на НАТО, посочи на нападот во Куманово како момент кој треба да ги поттикне македонските сојузнички земји да изразат поддршка. “Кога Франција се справи со терористичкиот напад, тоа за НАТО беше тероризам, но кога достоен сојузник како Македонија се справи со терористичка група при што имаше и загинати полицајци, тоа не е тероризам?”, посочи Пеинтер. „Ние мора да имаме енергичен сојуз, а сојузот е енергичен кога се проширува, расте, кога им дозволува на земјите да го завршат акциониот план за членство, што Македонија го стори, и потоа ги поканува да станат членки. А не да ги обвинува дека се одговорни за спорот со името. Уште повеќе што неодамна Македонците имаа вонредна ситуација при што загубија и животи, а ние им велиме дека не се подготвени“, додаде Пеинтер.
Роберт Бенџамин од Националниот Демократски Институт, кој е ангажиран во развој на политичката култура во Македонија, смета дека решението на политичката криза, поттикната од аферата Пуч, треба да се бараат во рамките на институциите. „Повторно гледаме како опозицијата излегува од Собранието и го бојкотира од причини што се оправдани, но понекогаш и од причини што не се оправдани, и ја деградира институцијата на парламентот. Ниедна политичка институција не е совршена, но истовремено е клучно сите избрани пратеници не само да го признаат угледот на Собранието туку и да работат преку него“, изајви Бенџамин од НДИ.
Едно од барањата на дискусијата е САД да останат активно ангажирани во регионот. Кофи, за отсуството на јасна американска политика во регионот, додал дека, случајно или не, нестабилноста во Македонија се појавила по најавата дека земјата може да биде вклучена во гасоводот Турски тек кој е промовиран од Русија. „Овие држави, без разлика дали се на Балтикот или на Балканот, мора да си обезбедат светло и греење, а за тоа мора да најдат енергија од некаде. Овие земји имаат избрани влади што треба да одговарат пред избирачите. Затоа, кога слушам изјави дека Македонија наводно се приближува кон Русија бидејќи се согласија да биде дел од Турскиот тек, мислам дека ова е мрзелив пристап кон разберањето на работите на теренот. Морам да ја спомнам можноста дека проектот Турски тек веројатно нема никогаш ни да се реализира“, додава Кофи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст