Три момчиња се тешко повредени, а две полесно во тешката сообраќајна несреќа која се случила утрово околу 2.40 часот.
Како што известуваат за „Република“ од СВР Скопје, до несреќата дошло кога „БМВ“ со скопски регистарски таблички се забило во цистерна „мерцедес“ кај бензиската станица на „Окта“ на булеварот „Србија“ во Аеродром.
Тешко повреден е возачот на „БМВ“-то, 20-годишниот М.Т., кој заедно со уште еден полесно повреден сопатник, 19-годишниот М.С., се пренесени во ГОБ „Наум Охридски“.
Со тешки телесни повреди во Ургентен центар се пренесени 19-годишните Д.А. и Д.Г., како и уште еден сопатник од автомобилот Д.Д., кој поминал со полесни повреди.
Полицијата се уште врши увид, по кој ќе бидат утврдени причините за несреќата.
Фото: Ѕид на сообраќајниот срам
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.