Западен Балкан стана извор на странски терористички борци во Ирак и Сирија, делумно и поради војните во поранешна Југославија, оцени државниот потсекретар на САД Сара Сивол.
– Насилниот екстремизам се шири географски и ниту еден регион, ни земја, ни заедница не се имуни на таа опасност, рече Сивол на конференција во Тирана.
Таа ги повика земјите во регионот да ја унапредат соработката на спречување на регрутирање на исламистички борци и да донесат национална стратегија за борба против тој проблем.
Според истражувањето финансирано од САД, 700 луѓе од западен Балкан, главно од БиХ и Косово, им се приклучиле на терористичките бунтовници во Сирија и Ирак. Белата куќа во февруари почна програма за сузбивање на насилниот тероризам. На дводневниот собир во Тирана учествуваа експерти за безбедност од земјите од западен Балкан и неколку членки на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.