Некои астролошки циклуси се долготрајни и многу значајни, други се кратки, динамични и животни. Еден од најважните циклуси е обележан со движењето на Сатурн.
За да направи полн круг и да се врати на почетната точка (на местото каде што бил во моментот на нашето раѓање) на Сатурн му требаат околу 28 години.
Сатурн е господар на времето, симбол на процесот на созревање. Неговиот прв циклус го симболизира нашето детство и младост, така што во очите на ѕвездите, дури на возраст од 28 стануваме полнолетни. Во овој циклус се запознаваме себеси и ги градиме своите вештини.
Неговиот втор циклус, кој почнува од околу 28-мата година на поединецот и трае приближно до 56-та година од животот, е циклусот на зрелост. Ова е период во кој нашата личност е во полн цут. Се остваруваме себеси со користење на вештините научени во првиот циклус. Ние сме свесни за своите цели и својата моќ. Во овој циклус може да ги материјализираме своите желби и да се стекнеме мудрост доживувајќи различни искуства.
Третиот циклус започнува во 56-тата година од животот и трае до околу 84 години. Во него веќе не сме посветени на остварување на себеси во материјалниот свет, туку со својата мудрост и животни искуства го обогатуваме нашиот духовен живот и може да ги инспирираме другите. Се ослободуваме од многу предрасуди и силни нагони, но доволно сме љубопитни за да се остваруваме во областа на интелектот и на духот.
Секој пат кога Сатурн се враќа на почетна точка, што во астрологијата буквално се нарекува Сатурновото враќање, ние се чувствуваме дека сме на пресвртна точка од нашиот развој. Сатурновото враќање е моментот кога правиме пресметки и ги проверуваме сите наши достигнувања. Ова е моментот кога јасно се соочуваме со реалноста и можеме точно да согледаме што сме направиле добро, а што сме пропуштиле да направиме како што треба.
На возраст од околу 28, 56 и 84 години на секој од нас ни се случува чувствителен момент во личниот развој. Ова се моменти во кои стануваме свесни за минливоста на се, за сопствената егзистенција, но и за перипетиите на пријателствата, работните места, материјалните добра, здравјето и многу други работи.
Во тие моменти, многу од нас доживуваат некој вид на криза. Ова е момент во кој се чувствуваме дека сме одговорни за ситуацијата во која ни се наоѓа животот. А, тоа е одговорност која не е лесно да се прифати.
Извор: lovesensa.rs
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.