| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Сплотени сме како никогаш

Со креирани материјали и лажни воведи, Заев мислеше дека ќе не исплашат со терористички банди, мислеше дека ќе потклекнеме и ќе се предадеме, но вечерва го добија одговорот: „Македонија не се предава, Македонија е силна“.
Ова го истакна премиерот Никола Груевски на вчерашниот масовен народен собир во Скопје.

Му беа кажале, а овој наивно поверувал и говореше дека за три дена ќе сме си заминеле со наведнати глави. Еве денес три месеци подоцна, сплотени како никогаш, цврсти како челик, решителни до бескрај им порачуваме: Нема повлекување, нема потклекнување, нема предавање, Македонија е силна! Македонија е одлучна, Македонија пак победува. Ние победуваме. Ќе ја добиеме оваа битка – порача Груевски.

Премиерот нагласи дека Македонија нема да дозволи да ја води политичар како Зоран Заев и дека овој човек никогаш нема да стане премиер на нашата земја.

Нивниот инструмент, кој го видовме како Струмица си ја направил пашалак, приватна фирма, крава-молзница, си вовел сопствени даноци за лично богатење, нема да ја оствари целта. Никогаш нема да биде премиер, никогаш нема да дозволи Македонија да и се случи Заев. Македонија никогаш нема да дозволи да ја води некој кој испраќа СМС пораки кај претседателите на други политички партии каде вели дека не народот, туку некој однадвор ќе го донел на власт и не го негираше тоа. Македонија никогаш нема да го довери буџетот на таков човек и најблиските следбеници и на странски разузнавачки служби. Македонија нема да дозволи да има премиер кој ќе бара народот да ја витка кичмата. Македонија нема да си дозволи да ја предводи човек кој со дестабилизација на државата сака да се дограби до функцијата – порача премиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top