Погледнете со каква гарнитура и раководство се СДСМ, не можат да си ги пребројат становите и куќите на кои сами себе си плаќаат кирија. Уште не се дојдени на валст, а им се закануваат на сите граѓани дека имаат снимки од нив и ако немој им се противи или нема исто мислење како нив, веднаш им се закануваат. Целата гарнитура на СДСМ исто мислат, тоа ли се политичарите кои ќе ни ја донеле демократијата и слободата во Македонија.
Ова вчеравечер го истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на големиот народен собир во Скопје.
– Демократија ли е ако на секој неистомисленик му упатуваш закани со снимени разговори, креирани, монтирани и прилепувани? Демократија ли е ако пет часа ја тепаш со што ќе стигнеш сопствената полиција и 38 полициски службеници се хоспитализирани, го симнуваш и кинеш знамето на РМ? – праша Груевски.
Такви демократи, посочи тој, не и тербаат на Македонија, кои јавно им се закануваат на медиумите кои не ги поддржуваат нивните насилни политики, кои преку своите контролирани и однапред платени од странство медиуми им упатуваат закани на останатите медиуми дека лошо ќе завршеле кога тие ќе дошле на власт.
– Тоа ли се демократи, кои организираат насилници да ги тепат нивните неистомисленици, што ќе се случи кога тие ќе дојдат на валст? Искрено си кажа Заев дека ќе јадат живи луѓе и дека од чистачка до министер сѐ ќе биде од списокот на ниванта партија – додаде премиерот.
Тоа, рече Греувски, го кажал искрено кога мислел дека никој не го снима.
– Тие луѓе ли ја бараат мојата оставка, тие всушност бараат да им ја оставиме Македонија, за да направат хаос. Но, овој народ вечерва, оваа масовност и оваа сила е најдобриот одговор за нив – порача Груевски од Народниот собир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст