| четврток, 6 декември 2018 |

Британија трага по „свиркач“ кој објави тајни документи за британската нуклеарна програма

615300_vilijem-meknili01-foto-facebook_ffБританската кралска морнарица покрена истрага против Вилијем Мекнили под обвинение дека ја загрозил безбедноста на британската нуклеарна програма.

Мекник јавно предупреди на бројни недостатоци во нуклеарната програма „Тридент“ тврдејќи дека во подморницата која носи проектили со нуклеарни глави е полесно да се влезе отколку во ноќен клуб, а извештајот за тоа на 18 страници што го доставил на „Викиликс“.

Вилијам Мекнили, инженер по нуклеарно оружје, кој од јануари до април служел на носачот на авионо ХМС Викториус со месеци укажувал на голем број безбедносни пропусти и технички недостатоци во програмата „Тридент“, грешки кои британските нуклеарни проектили ги прават лесна мета за терористите, кои би можеле да ја „уништат Британија“.

Британскиот „свиркач“ е во бегство веќе една недела, а денеска најавил дека планира да се предаде и дека за неколку дена ќе се врати во Велика Британија.

Во документот под име „Нуклеарни тајни“ објавено минатиот вторник тој навел дека ракетите од подморницата можат да бидат чувствителни на терористички напад, во кој „нашиот народ би гинел, а нашата земја би била уништена“. Натрапниците би имале „совршена можност да испратат нуклеарни боеви глави кон Велика Британија“.

– Можните напаѓачи многу лесно би можеле да ги украдат овие проектили, а тогаш слободно може да ги истрела во правец на Лондон. Најдов дури 30 грешки во програмата „Тридент“, но никој не сака да ме сослуша – тврди Мекнили.

Тој наведува дека годишно се губат речиси илјада идентификациони картички на кралската морнарица, и дека многу лесно било кој терористи може со помош на една од тие картички да пристапи во подморницата.

Британските власти изразиле „длабока загриженост“ поради изјавата на 25 годишниот „свиркач“, како и поради податоците кои ги поделил со Викиликс.

По објавувањето на извештајот, британската полиција распишала потерница по Мекнили затоа што „ја изложил на ризик кралската морнарица“.

Мекнили не се вратил на работа откако земал неколку дена неплатен одмор и по него интензивно се трага. Тој се соочува со можна казна од доживотен затвор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top