| четврток, 6 декември 2018 |

Даниел Кајмакоски вечерва настапува на Евровизија

Opening of ESC Week - 60th Eurovision Song Contest

Во Виена вечер од 21 часот ќе се одржи првото полуфинале на 60. Евровизија, во кое меѓу 20-те изведувачи под реден број осум ќе настапи и Даниел Кајмакоски со песната „Autumn Leaves“ како претставник на Република Македонија.

Кајмакоски победи на Скопскиот фестивал 2014 со „Лисја есенски“, која за настапот на Евросонг е преведена на англиски јазик.

На сцената во Штадхале Кајмакоски ќе биде придружуван од американското  трио Мерџ, чии членови биле дел од аренби групата Блекстрит, инаку негови идоли.

Втората полуфинална вечер ќе се одржи во четврток, а првите десет земји-учеснички од двете полуфиналиња ќе се пласираат за големото финале во сабота (23 мај), кога ќе биде избрана најдобрата песна во Европа оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top