| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија нема потенцијал за конфликт и за дестабилизација

Македонија нема потенцијал за конфликт и за дестабилизација затоа што народот не го сака тоа. Сите етнички заедници сакаат мир и просперитет, тоа се покажа во Куманово, кога и покрај многуте апели терористите да добијат помош, никој не ги поддржа. Тоа беше пресметка на полицијата со терористичко криминална банда. – посочи на вечерашниот народен собир кој се одржува пред Собранието, премиерот Никола Груевски.

Тој додаде дека ова што го прави Заев ќе заврши и земјата ќе продолжи напред.

Не постои простор за загриженост од поголеми размери, Македонија е силна, Македонија има свои слабости и работи кои треба да ги подобри, но Македонија има сила да го подобри тоа, посочи Груевски.

Иако досега немаше посериозни штети по економијата, психолошката состојба по терористичкиот напад, како и изјавите на Заев дека ќе паѓало крв, почна да и прави проблем на македонската економија особено во делот на извозот. Се јави и вознемиреност кај странските инвеститори исто како и кај домашните, но компаниите не треба да се плашат, имаат пријателски настроена влада која ги разбира и континуирано им помага и тоа ќе продолжи, потенцираше Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top