–Ќе го браниме правото да живееме во стабилна и просперитетна држава, во која малцинството нема да го тормози мнозинството, порача градоначалникот на Карпош и лидер на владејачката ГРОМ, Стевчо Јакимовски на народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ.
– Приватноста на граѓаните е светост, во која Зоран Заев со месеци чепка и на тој начин ја нарушува нашата слобода и интима. Ни влегол во домовите, тоалетите, спалните… Тој поседува интима на над 26.000 луѓе за да ја искомптомитра владата и институциите, да ги урне столбовите на државата, да создаде хаос кој мисли ќе го контролира, а ќе страдаат граѓаните – изјави Јакимовски.
Тој додаде дека таканаречената „Вистина за Македонија“ има најмалку вистина, а многу повеќе патетика и малограѓанштина.
–Имаме право на легитимно избрана власт. Дали е тоа грев? Не, туку е доблес и чест. Зошто сме сите тука од политичките партии и невладиниот сектор? Затоа што Зоран Заев со месеци се труди да ја дестабилизира Македонија. Поседува интима на над 20.000 граѓани со цел да ја компромитира Владата и интитуциите – рече Јакимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


