| четврток, 6 декември 2018 |

Русјаков: Заев бе! Нормални ли сте?

Rusjakov-analizaАлександар Русјаков, писател, режисер и колумнист, упати критика до организаторите на вчерашниот антивладин протест поради изборот на говорниците кои ја имаа честа да се обратат пред демонсрантите.
Тој на својот профил на „Фејсбук“ коментира дека не спори дека на протестот вчера имало и луѓе кои ја сакаат Македонија, но имаат различни политички ставови, што пак е одраз на едно демократско општество. Сепак, Русјаков е згрозен од дел од сценариото на организаторите кои го викнаа Бугарот Сергеј Станишев да им даде поддршка на демонстрантите, кој, пак, од друга страна јавно не го признава постоење на македонски народ, јазик и култура.

aleksandar-rusjakov500
„Вака сега…
Ми велите, доаѓаме, дојди и ти, бори се за својата иднина, за правда и слобода, оти другиве се зло, сè уништија…
Велам океј, секој има право на мислење, став, идеал, слобода е кога секој има слобода, како што јас би требало да имам слобода ова да го мислам, напишам… Или можеби немам? Сеедно.
Велам океј, сакам да го чујам сечиј светоглед, секој избор плус е богатство… Затоа и ве слушав. И еве што добив…
И јас сакам граѓанска држава, ама на бина ја видов Најчевска, жената која ги мрази барем половина граѓани.
И јас сакам слобода на говор, ама на бина го видов Милчин, човекот чии медиуми сатанизираат секого со спротивен на нивниот став, мислење, идеал.
И јас ја сакам Македонија повеќе од себе, ама на бина го видов Станишев. СТАНИШЕВ!!! Сергеј Станишев, еј!!! Па добро бе, мајку вам Божју (Тито), има ли таму некој три чисти меѓу организаторите, кај пи арот, меѓу менаџерите, уф менувачницата? Додуша, на хипстериве и прекрасниве шизики може и Божидар Димитров да им го подметнете, оти тие политика не следат аналитички, туку емотивно, трендовски, твитаат наместо да читаат, ама вие бе организатори, вие…
Станишев ееееј! И кого да очекувам на следниот митинг? Каракачанов? Џамбаски? Самарас? Каменос? Пахомије? Атака? Златна зора? Црвено црна алијанса? Аркановци? Четникуши што сонуваат бановина?
Заев бе! Нормални ли сте?“, напиша Русјаков на својот ФБ профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top