Поддршка од сите страни доаѓа за големиот народен протест кој вечерва ќе се одржи пред Собранието на Република Македонија.
Низа јавни личности изразуват поддршка за народниот собир кој треба да испрати порака за борба за стабилна, силна и економски развиена Македонија, да не се дозволи заради ниту еден личен или партиски интерес државата да биде втурната во правец кој ќе е на штета на секој еден граѓанин на Македонија.
Иво Јанковски, кајакарот Атанас Николовски, актерите Рубенс Муратоски и Зоран Љутков, уметникот Константин Качев, пијанистката Елена Мисиркова, уметникот Синиша Кашавелски, Васил Зафирчев, тенорот Ѓорѓи Цуцковски и ред други се само дел од низата јавно личности кои дадоа поддршка за најавениот народен собир.
И претседателот на „Ноќните волци“ Ленин Јовановски, објави дека тие ќе бидат дел од големиот народен собир за „Силна Македонија“.
–Причините зашто сме на овој денешен собир, а не на оној од вчера се јасни и недвосмислени. Иако и на вчерашниот протест против владата на РМ имаше луѓе кои ги познаваме, ги почитуваме и го почитуваме нивното право, слободно право да си го искажат своето мислење на начин за коишто тоа самите си го одлучиле и да имаат различни ставови од нашите, но ние како Ноќни Волци и како патриотска организација јасно кажуваме дека не бевме тамо со нив , зашто никогаш нема да бидеме рамо до рамо со докажани непријатели на нашата држава за ниту една цел. Никогаш нема да бидеме до оние кои не сакаат името Македонија да ни го спомнат и да не наречат македонци, оние кои наместо Македонија, велат “ФИРОМ” , “вашата Држава “, “Скопје” – велат „Ноќните Волци“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митингот на ВМРО ДПМНЕ во светските медиуми, „Вашингтон пост“ напиша: Протестот е почеток на крајот
-
Груевски: Како влада направивме многу за Струмица и Струмичко
-
Толку од ветувањата за чист град: СДСМ го преполни Скопје со ѓубре (галерија)
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во Струмица (живо)