| четврток, 6 декември 2018 |

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

benzinБензините поевтинуваат за 1,5 денар, а дизелот поскапува за половина денар. Регулаторната комисија за енергетика ја донесе последната одлука за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати.

Еуросупер БС95 поевтинува за 1,5 денар и од полноќ ќе се точи за 70,5 денари по литар. За 1,5 денари поевтинува и еуросупер БС98 кој од утре ќе можете да го купите за 72,5 денари по литар.

Дизелот поскапува за половина денар и од полноќ неговата цена ќе биде 58 денари за литар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top