| четврток, 6 декември 2018 |

„Марка“ го прати, па го врати Реал од финалето во Берлин (фото)

marca

И најголемите грешат или понекогаш не им се исполнуваат предвидувањата и очекувањата, а брзањето ќе доведеше до утка и кај новинарите на реномираната шпанска „Марка“. По погодокот на Кристијано Роналдо веќе беше испечатена насловната страница на весникот со слика на стрелецот на голот и наслов „Ние одиме во Берлин“.

Сепак, финалето остана само пуста желба бидејќи подоцна на реваншот во Мадрид, Алваро Мората со гол за Јувентус го елиминира актуелниот европски првак и ќе игра со Барселона во мечот за титула на 6 јуни.

„Марка“ го прати, но потоа и го врати Реал Мадрид од Берлин, а виновник, што е најинтересно, е токму „детето“ на Реал, Алваро Мората, сега фудбалер на Јувентус.

Секако, на крајот реномираниот шпански весник излезе со нов наслов, што одговараше на вистинската слика и елиминацијата на Реал Мадрид во полуфиналето од ЛШ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top