На Европската ноќ на музеите што вчеравечер се одржа во Пловдив, долги редици од посетители до долго во ноќта присуствуваа на првото претставување на групната изложба на македонските уметници од концепцијата „Конекција 2“.
На покана на општинската установа „Стар Пловдив“ во галеријата на познатата Балабанова Куќа, свои дела изложија нашите уметници Марјан Ѕин, Иво Пецов, Зоран Мише, Слободан Милошески, Горан Тричковски, Павел Целкоски, Адриана Јованоска, Иван Стоименов, Ице Огненовски, Јорданчо Ристовски и Јовица Миленов.
Изложбата ја отворија Васко Шутаров и Амелија Гешева во име на домаќинот, а свои обраќања имаа и првите луѓе на организацијата „Пловдив – Европски град на културата 2019 година“.
Изложбата во Пловдив ќе биде поставена до 2 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст