| четврток, 6 декември 2018 |

Боби Мојсоски се враќа во „Икс-фактор“

bobi

Групата „Инфинитас“, составена од пет браќа и сестри, вчеравечер го напушти „Икс-фактор“ во првиот концерт во живо на музичкото натпреварување. Тие и групата „Анџелине“ имаа најмал број СМС-гласови од публиката, а по испеаните песни за спас, жирито реши во натпреварувањето да останат девојките.

Вчеравечер во живо на сцената во Белград настапија 12 финалисти во шоуто. Преку гласањето на „Фејсбук“, публиката со убедливо голема разлика (повеќе од 60 проценти од гласовите), од испаднатите 12 кандидати го врати интересното босанско дуо Аднан и Тарик.

Но, по барање на продукцијата, и жирито доби можност да врати кандидати во натпреварувањето, и тоа уште тројца. Меѓу нив се најде и охриѓанецот Бобан Мојсоски.

Следната недела, место во една, натпреварувачите ќе настапат во две вечери во живо, в недела и в понеделник, поделени на две групи. И во двата дена ќе испадни по еден натпреварувач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top