-Околу 20.000 демонстранти излегоа на улиците во Македонија и побараа Владата да се повлече. Балканската земја е во криза во последните неколку месеци, предизвикана од наводна вмешаност на Владата во скандал со прислушување, пишува „Гардијан“.
И најугледниот британски весник изброи 20.000 протестанти на денешниот митинг, очигледно само за лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговата заменичка Радмила Шекеринска бројката изнесуваше смешни 100.000 граѓани.
Претходно, покрај „Гардијан“, истата бројка од 20.000 демонстранти ја објавија и реномираната агенција „Франс прес“ (AFP), како и Russia Today.
Заев и Шекеринска очигледно незнаејќи како да се справат со фијаското кое им се случи, бидејќи самиот Заев вчера изјави дека очекува поддршка од 100.000 граѓани, по завршувањето на протестот мораа да излезат со бројка која не само што е смешна, туку е и налудничава, бидејќи максималниот број на луѓе кои можат да се соберат на просторот каде денеска имаше симпатизери на СДСМ според сите проценки не може да надмине 21.000.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија