| четврток, 6 декември 2018 |

Русија и Кина со воени бродови во Медитеранот

kineski mornariДевет бродови на руската и на кинеската морнарица почнаа во Медитеранот заеднички воени маневри кои ќе траат до 21 мај, соопшти руското Министерство за одбрана.

Вежбите се одржуваат во момент на големи тензии меѓу Русија и Западот поради Украина и се поизразените кинески територијални претензии над Јужното Кинеско Море.

Штабот на маневрите е на рускиот носач на ракети Москва, кој е дел од Црноморската флота со база на Крим. Вежбите се под назив Поморска соработка 2015 и според руски претставници „не се насочени против некоја трета држава“.

Рускиот вицеадмирал Александар Фодетенков вели дека цел на маневрите е „јакнење на взаемното разбирање меѓу морнариците на двете држави со цел унапредување на стабилноста и спротиставување на новите предизвици и закани од море“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top