| четврток, 6 декември 2018 |

Класичен дебакл: Заев не успеа да собере ни третина од она што го собра Црвенковски во 2012 година

Иако се најавуваше масовен протест од над 100.000 луѓе, пред Владата на Република Македонија денеска се појавија само една петина од најавените. На протестот на опозицијата се собраа околу 20.000 луѓе. Народот не го поддржа обидот на Зоран Заев и СДСМ по било која цена да дојдат до Власт, не бирајќи средства за тоа. Присутните екипи на теренот велат дека постојано се сугерира на демонстрантите да се оддалечуваат човек од човек, за да опфатат поголем периметар. И од видео преносот се гледа дека има потфрлање.

Anti government rally

Се појавија и информации дека имало жестока расправија помеѓу Заев и неговите теренски организатори заради слабата посетеност. Заев во нервоза им викал дека Бранко Црвенковски на митингот во јуни 2010 имал повеќе народ. Тогаш медиумите споменуваа бројка од 70 000 луѓе. Денеска нема ни половина од оваа бројка. Заев успеа да собере само една третина од тоа што Црвенковски во 2012 година го собра на скопскиот плоштад.

frans-pres

Дополнително, на овој протест како резултат на додворувањето на СДСМ кон Албанците има и значително присуство на Албанци, што во 2010 година не беше случај, но и со Албанците на протестот сега повторно бројката е помала од онаа на СДСМ во 2010 година.

Anti government rally

Сега на бината се појавуваат повеќе говорници. Некои умерени во своите известувања, но некои претендираат на говор на омраза.


Првиот човек на европските социјалисти и поранешен бугарски премиер Сергеј Станишев во своето петнаесетминутно излагање ниту една не рече Македонци. Аболицираниот Заев од говорница уште еднаш се закани со насилство и нереди по улиците. Посочи дека ќе ја рушат актуелната власт со сила и насилие.

Anti government rally Anti government protest in FYROM Anti government protest in FYROM protest-8 protest-9

Фото: Република

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top