Бугарскиот филм во кој копродуцира Македонија „Жената на мојот живот“ на Андон Дончев в понеделник, на 18 мај во два термина ќе биде прикажан на филмскиот маркет во Кан. Филмот е во продукција на „Арс“ од Бугарија, а македонски продуцент е Димитар Николов.
Драмата е копродукција помеѓу Бугарија, Македонија, Курдистан и Романија, а ја поддржа Агенцијата за филм на Македонија. Една од главните улоги ја толкува македонската актерка Кристина Христова-Николова.
Филмот, исто така, е поканет и на неколку меѓународни фестивали. Веќе се потврдени учествата на фестивалот во Москва во програмата „Слободна мисла“, на интернационалниот филмски фестивал „МареМостра“ во Палма де Мајорка, како и на филмскиот фестивал во Уланбатар, Монголија.
Филмот се снимаше во 2014-та година, во сите земји учеснички во него, како и во Кипар и во Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст