Започна митингот на опозицијата. Едни од говорниците на митингот на СДСМ се Ерван Фуере кој беше преставник на Европската Унија во Македонија и поранешниот премиер на Бугарија Сергеј Станишев.
Заедничко за двајцата политичари е што не го признаваат македонскиот јазик и нација. Во 2010 година Фуере го презентираше извештајот на Европската комисија за напредоктот на Македонија во кој никаде не се спомнуваше придавката Македонци.
Во извештајот за напредок на Македонија, на ниту едно место не се споменува се македонски јазик и Македонци. Наместо тоа Комисијата ја користеше формулацијата официјален јазик и граѓани на државата.
Фуере на новинарско прашање тврдеше дека Брисел се придржува до официјална политика. За Фуере Република Македонија е БЈРМ а јазикот и нацијата е граѓани на БЈРМ.
– Акронимот кој го споменувате никогаш не се користи и нема да се користи во овие извештаи. Тука јасно стои дека ова е работен документ за Поранешна Југословенска Република Македонија. Тоа е привременото име за кое сите сте свесни – изјави Фуере.
Македонската нација и јазик не ја признава ниту Сергеј Станишев. Тој на прес конференција јавно се подбиваше со здружението на Македонци во Бугарија Омо Илинден Пирин блокирајќи го неговото регистрирање. Тој во Скопје се подбиваше со лидерите на ОМО „Илинден“ – ПИРИН кои, според него, не би биле повеќе „интересни“ доколку партијата биде легално регистрирана. Тогаш Омо Илинден реагираше дека Станишев е главниот фактор на кочење и нерешавање на македонското прашање во Бугарија.
Инаку слично како и Заев има низа скандали и афери се поврзуваат со името на поранешниот бугарски премиер и актуелен претседател на Партијата на Европските социјалисти, кој како што објави вчера лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе се обрати на денешниот опозициски протест пред Владата на Република Македонија. Токму Ерван Фуере и Сергеј Станишев се луѓето со кој Заев сака да добие симпатии кај граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст