Низа скандали и афери се поврзуваат со името на поранешниот бугарски премиер и актуелен претседател на Партијата на Европските социјалисти Сергеј Станишев, кој како што објави вчера лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе се обрати на денешниот опозициски протест пред Владата на Република Македонија.
Станишев во јули 2010 година беше обвинет за издавање државна тајна. Властите во Софија покренаа обвинение против поранешниот премиер на Бугарија заради издавање на државна тајна, бидејќи загубил документи, означени како тајни.
-Доколку биде докажана вината на Станишев му се заканува казна затвор до две години или глоба, јави агенцијата Ста. Станишев, според обвинителството ги загубил документите меѓу ноември 2005 и септември 2009 година додека бил претседател на бугарската влада. Документите подготвени од бугарската агенција за државна безбедност, министерствата за внатрешни работи и за одбрана, како и извештај на НАТО, содржеле податоци кои биле означени како државна тајна. Тие му биле поднесени на Станишев на потпис, но тој, како што тврди обвинителството, никогаш не ги вратил. Еден од загубените извештаи подоцна се појавил во медиумите, по што обвинителството лани во ноември започна истрага против Сергеј Станишев, пишуваа тогаш медиумите.
Станишев важи за за еден од најконтроверзните балкански политичари, кому пред само неколку месеци Европскиот парламент му го одзеде пратеничкиот имунитет за да дозволи неговата земја да покрене обвинение против него поради губење на тајни документи. Кога се во прашање неговите ставови кон Македонија, познато е дека тој не ја признава македонската нација. Како потврда за неговите антимакедонски ставови говорат и податоците дека Станишев во неговиот мандат како премиер не дозволуваше регистрација на македонската организација ОМО Илинден Пирин, измислувајќи илјадници причини за да не биде регистрирана.
Пред неколку години низ медиумите се пишуваше дека бугарските служби му реферирале на Станишев за дејствувањето на македонските здруженија, односно тие по негова наредба работеле против македонскотопрашање.
-Бугарските служби за своите активности во однос на Македонија му реферирале директно на тогашниот премиер Сергеј Станишев. Во документот од 2008 година, се оценува дека македонските тајни служби имаат традиционално висока разузнавачка активност кон Бугарија, заснована на оценката дека Бугарија претставува сериозна опасност од гледна точка на „македонскиот национален идентитет“, пишуваше Дојче Веле на македонски јазик.
Тој беше и лице кое во бугарските медиуми се споменуваше во контекст на тешки финансиски афери, корупција, мега скандали со европски средства и слично.
Низа скандали и афери зад името на Станишев
Актуелниот лидер на европските социјлисти кој дава отворена поддршка до Заев и СДСМ беше опозиција кога изби скандалот со прислушување на Бојко Борисов. Во април 2013 година против четворица претставници на бугарското Министерство за внатрешни работи покренато е обвинение поради наводно телефонско прислушување на политичките опоненти на бугарскиот премиер во оставка Бојко Борисов.
Обвинителите покренаа истрага откако лидерот на опозициските социјалисти Сергеј Станишев од нив подара да проверат еден анонимен извештај за наводно раширеното прислушување на разговорите на опонентите на Борисов.
Во март 2012 година, бугарски „Капитал и австриски „Ди пресе“ пишуваа за голем скандал во кој се најдоа австриски политичари и поранешниот бугарски премиер Сергеј Станишев за потпишани договори за ПР-услуги со сомнителен австриски лобист.
-Која е причината Бугарија да биде спомената дури 27 пати на седница на австрискиот парламент на 16 февруари? Темата не е ни Банско, ниту уличните џепчии… Причината е еден од најголемите австриски лобисти, наречен по австриските медиуми како „кралот на корупцијата“ – Петер Хохегер. Ова е истиот човек што пред четири години беше ангажиран од бугарската влада да го подобри имиџот на Бугарија пред Европската Унија, особено во однос на корупцијата и организираниот криминал. Агенцијата „Хохегер“ тогаш потпиша договор вреден еден милион евра за лобирање по западноевропските медиуми и институции во корист на Бугарија, пишуваа медиумите.
Истражувањето на бугарскиот весник „Капитал“ откри и други договори, за кои тогашните политичари не се ни сеќаваат. За „заборавениот“ проект нема објавен ни конкурс. Како подизведувач на сите услуги на Хохегер во однос на договорите со бугарската влада е избрана фирмата на Моника Јанова, блиска на нарачателот – бившиот премиер Сергеј Станишев.
„Основен приоритет за време на мојот мандат беше членството на Бугарија во ЕУ. Неопходно беше да се ангажира европска фирма што ќе се грижи за имиџот на Бугарија пред и по влегувањето во ЕУ“, коментираше за „Капитал“ поранешниот премиер Сергеј Станишев. Тој рече дека тоа беше првпат Владата да склучи договор со австрискиот лобист.
Но тоа не го велеше и Хохегер. Тој пред пратениците-членови на специјалната комисија за испитување на австрискиот парламент на 16 февруари изјави дека со бугарската влада работел по потпишани два договори. „Првиот, мислам дека беше на 500 илјади евра, а вториот договор беше на околу еден милион евра, а е потпишан некаде во 2007/2008 година.“
И скандал со сида го тресеше Станишев
Во август 2012 година, членови на Бугарската социјалистичка партија на Сергеј Станишев, кој се кандидира за лидер на Социјалистичката група во Европскиот парламент, испратиле писмо до Брисел во кое ги предупредуваат европарламентарците да размислат добро пред да гласаат за него, бидејќи додека во Европа продава ум, во Бугарија се однесува како шеф на Гестапо.
Повод за ова гневно писмо е „скандалот СИДА“, кој ја тресе партијата на Станишев, дотаму што и неговите бараат да не биде европски социјалистички лидер.
Страстите ги зовре поддршката што Станишев му ја дава на медиумскиот секретар Антон Кутев, кој јавно го споредил социјализмот со сидата, изјавувајќи дека тој и оваа болест имаат нешто заедничко, се пренесуваат по полов пат или како наследство.
„Во Европа Станишев говори умно со сите левичарски клишеа, се претставува како трудољуб, воздржан е и здодевен. Во Бугарија, пак, овој човек е опседнат со идејата да остане на власт по секоја цена. И наместо да побара оставка на човекот кој ги оцрни левите вредности, тој го бранеше во посебна декларација“, се вели во писмо испратено до Брисел. „Очигледно Станишев на бугарска територија се манифестира како шеф на Гестапо“, се вели на крајот од писмото, па се повикуваат членовите на оваа група во ЕП да размислат пред да гласаат во септември, кога претстои изборот за претседател на европската левица, пишуваа медиумите во август 2012.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст