Во следните пет години јавните инвестиции во енергетскиот сектор во Албанија ќе достигнат 920 милиони долари, јави дописникот на МИА.
– Од вкупно планираниот износ, 420 милиони долари ќе бидат вложени во енергетската инфраструктура, додека 500 милиони долари во секторот за производство на електрична енергија – соопшти албанскиот министер за енергетика,Дамијан Ѓикнури.
Тој очекува во наредниот период поголема ангажираност, како на странски, така и на домашни инвеститори, посебно во изградбата на хидроцентрали.
Инвестирањето во овој сектор тој го побарал и од турските бизнисмени кои заедно со претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган во средата прстојуваа во Албанија, оценувајќи при тоа дека туското искуство во ова област и е неопходно за Тирана, која располага со голем воден потенцијал за изградба на хидроцентрали.
Ердоган за време на посетата на Тирана предводеше делегација од 120 турски бизнисмени и најави зголемување на турските инвестиции.
Турција е четвртиот економски партнер на Албанија, а турските инвестиции во земјата достигнуваат речиси 2,7 милијарди американски долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија