Спротивно на она што го објави СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Зоран Заев, кандидатот за градоначалник на СДСМ, нема толку голема предност пред нивниот кандидат Васил Пишев. Според нив, по 27.000 пребројани гласови има изедначена битка.

– Сериозно оптимистички се вестите што доаѓаат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ – изјави Димовски.
Илија Димовски објави убедива предност во скопските општини – Аеродром со 2:1, Бутел 3-1, а во Гази Баба нивниот кандидат има предност од преку 10.000 гласа. Во Кисела Вода, според обработените податоци, досега кандидатката на ВМРО- ДПМНЕ, Билјана Беличанец-Алексиќ, води со 7. 000 наспроти 3.000 за СДСМ. Во Росоман предноста 2:1, а во Крушево нивниот кандидат има 2.500 гласа наспроти 2.100 на кандидатот на СДСМ. Во струмичко Ново Село разликата е 400 гласа во корист на кандиндатот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар
-
Зелените партии со најголеми изборни победи во Западна Европа викендов
-
Илија Димовски: Доколку се заврши оваа процедура, одговорно тврдам дека покрај Преамбулата, во Уставот ќе бидат променети најмалку 51 член (видео)


