| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски уметници на „Европска ноќ на музеите во Софија“

Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија, на покана на општинската установа “Стар Пловдив”, ќе претстави со изложба 11 ликовни уметници од концепцијата “Конекција 2”. Изложбата ќе биде отворена на 16 мај во 19,00 часот, во еден од најзнаменитите објекти во стариот дел на Пловдив, Балабановата Куќа, во рамките на културната понуда на Пловдив за “Европската ноќ на музеите”. Изложбата ќе ја отворат Амелија Гешева, директор на “Стар Пловдив” и Васко Шутаров, директор на нашиот Центар во Софија.
Ликовната концепција Конекција 2 функционира веќе 3 години како проект во кој македонските уметници кои творат или студираат на Националната ликовна Академија во Софија, заеднички се претставени на групна изложба, помогната од нашето Министерство за култура и организирана од македонскиот културен центар во Софија. Групата македонски уметници ја сочинуваат Марјан Ѕин, Иво Пецов, Адриана Јованоска, Зоран Мише, Горан Тричковски, Слободан Милошески, Павел Целкоски, Иван Стоименов, Ице Огненовски, Јорданчо Ристовски и Јовица Миленов. Изложбата публиката во Пловдив ќе може да ја види до 2 јуни.
Досега нашите уметници беа претставени со две изложби во Софија, Благоевград, Велико Трново, Русе, Харманли, а веднаш после изложбата во Пловдив на 3 јуни,македонската концепција “Конекција 2” го отвара Фестивалот на Франкофонијата во Созопол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top