| четврток, 6 декември 2018 |

Заев со срамното барање за мито треба да си поднесе оставка

zaev potkupНие направивме чекор со тоа што тројца луѓе за кои што нема докажано никаква вина решија да поднесат оставки за да се види дека тие се невини, без нивно присуство и влијание.

-Истовремено се соочуваме со материјал кој што излезе во медиумите од кој што се гледа класично барање на мито од страна на градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.  Срамно барање на мито, во кое што кажува дека најмалку на уште тројца тоа им го побарал претходно. Тоа го слушаме од снимката. И тој не се повлекува. Ние го повикавме јавно, еве како што дадоа оставки овие луѓе за кои не е докажано никаква вина , но за да остават процесот да се води без нивно присуство, направи го тоа и ти, подвлече Груевски.

Тој не го прави тоа, додаде премиерот и подвлече дека Заев може да има влијание на сведоците , може да го повтори делото и може да направи многу други работи за да ја заташка работата и затоа сака да остане на таа позиција.

-Да беше чист како што самиот кажува, во овој криминален чин тој ќе се повлечеше како што тоа го направија и другите тројца кои знаат дека се чисти и затоа се повлекуваат, заклучи Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top