Полицијата во Куманово беше нападната од криминално- терористичка група, чии што водичи дојдоа од Косово и кои што очигледно имаа за цел дестабилизација на Македонија и правеше штета на Македонија и на нејзините граѓани,истакна премиерот Никола Груевски во Вестите на Сител телевизија и додаде дека сите понатамошни детали се во истрага.
-Обвинителството и Судот ја превземаа работата, има голем број на терористи кои се предадоа и кои се предмет на истрага. Тоа е добро, што имаме предадени со кои што може да се работи. Тие веќе почнаа да говорат одредени работи, колку што јас имам информации, дел од некои работи што им беа поставени како прашања ги одговорија. Кажаа каде се наоѓа оружјето што беше запленето во Гошинце и се најде оружјето- рече Груевски.
Целта на криминално терористичката група, рече Груевски, бил напад врз цивилни објекти, во кој би имало многу жртви.
-Се работеше за најсилната терористичка група во Косово. Веднаш по нивното пристигање во Македонија, полицијата доби информација и почнаа да го подготвува планот и во моментот кога двете терористички групи се споија во Куманово, тогаш полицијата донесе одлука да дејствува. Токму тоа беше правиот момент. Имаше многу дезинформации од медиуми кои секојдневно шират шпекулации, додаде премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии