| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Народот на избори ми даде поддршка која немам намера да ја изневерам

груевскиПремиерот Никола Груевски не планира да поднесе оставка бидејќи мандатот го доби пред само една година кога народот нему му ја даде довербата. Во интервју за Сител, вели дека тој мандатот го доби на регуларни, фер и демократски избори и дека поддршката од народот никогаш нема да ја изневери.

– Оставка немам намера да поднесам, ниту пак да прифатам преодна влада. Имам обврска да се справам со ова што го прави Заев, да се справам со ова и да најдам решение Македонија да оди напред. И ќе оди напред. Заев 5 пати ми кажа дека материјалите ги добил од странска разузнавачка служба, значи дека е свесен дека некој однадвор го креира ова сценарио. Јас да се повлечам би било кукавички чин, јас ќе се соочам со нападот кон нас и заедно со народот да покажеме дека Македонија не може на ваков начин да биде нападната, Македонија покажува и ќе покаже цврстина, рече Груевски.

Тој потенцира дека три функционери поднесоа оставка бидејќи немаат никаква вина и сакаат тоа да го докажат без свое присуство и влијание.

-Сега се соочуваме со материјалите во кои се гледа класично барање на мито од страна на Заев на најмалку тројца луѓе. Тој не се повлекува од функцијата а тоа јавно го побаравме од него. Еве, од Владата си заминаа луѓе без никаква вина, а тој не го прави тоа кога може да влијае врз сведоците и да го повтори делото. Да беше чист ќе се повлечеше, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top