| четврток, 6 декември 2018 |

САД ликвидираа лидер на ИД во Сирија

US-TroopsПрипадници на американските сили за специјални операции при акција во источна Сирија, го убија еден од лидерите на џихадиситчката група Исламска држава (ИД), Абу Сајаф, соопшти денеска Пентагон.

Во одделно соопштение, Белата куќа информира дека акцијата за ликвидација на Абу Сајаф е спроведена по наредба американскиот претседател Барак Обама.

Во соопштенијата се додава и дека при акцијата, спроведена во реонот Ал Амра во источна Сирија, била заробена и сопругата на Абу Сајаф, Ум Сајаф, која е префрлена во Ирак.

Според портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Бернадет Михан, операцијата ја спровеле американски војници стационирани во Ирак.

– Операцијата е спроведена со целосна согласност на ирачките власти и врз основа на домашното и меѓународното право, нагласи Михан.

Како што јави Би-Би-Си, во соопштението на Пентагон се нагласува и дека при акцијата не загинал и не е ранет ниту еден припадник на американските сили.

Според Пентагон, Абу Сајаф раководел со нафтените, гасните и финансиските операции на ИД и имал значајна воена улога.

Сирискиот центар за мониторинг на човековите права информира дека Абу Сајаф бил убиен во престрелка со американски војници.

Во исто време, сириските државни медиуми јавија дека владините сили ликвидирале 40-тина припадници на ИД, меѓу кои и „министерот за нафта“ на т.н. „Исламски Калифат“, Абу ал-Тајми ал-Сауди.

Според истите извори, Ал-Сауди бил убиени при специјална операција на сириските сили во реонот на нафтеното поле Омар, кое џихадистите го зазедоа во јули минатата година. Омар е најголемо нафтено наоѓалиште во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top