Сообраќајот на улицата „11 Октомври“ во центарот на Куманово е целосно нормализиран.
Полициските автомобили кои беа поставени на почетокот на улицата од крстосницата со „Доне Божинов“ и „Гоце Делчев“ од едната страна и во близина на џамијата од другата страна ги нема, така што сообраќајот е нормализиран.
Кумановци поминуваат со автомобили, а непречено се одвива и превозот на патници со автобуси. На овие улици се сместени државни институции и установи, судот, СВР Куманово, Општината, подружницата на Македонска пошта, како и неколку подружници на државни институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.