Поранешниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ смета дека Хрватска не треба да ја блокира Србија за преговори за влез во ЕУ, туку да бара од српските власти решенија за проблемите од минатото.
-Не можам да ја замислам неодговорноста на оние кои им е најлесно да подигнат „Кинески ѕид“ кон нашите соседи- вели Јосиповиќ. Тој додаде дека секогаш кога доаѓало до проблеми меѓу двете земји, први го барале стопанствениците и го молеле да ја смири состојбата, бидејќи „Во Хрватска се бројни оние кои добиваат плата токму благодарејќи на соседните држави во регионот.
Јосиповиќ рехабилитацијата на дража Михајловиќ во Србија ја оцени како „ужасно погрешен чекор“, пред се за нивниот углед, но и за односите кон соседите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.