Двете улици во центарот на Куманово „11 Октовмри“ и „Тодор Велков“ и натаму се блокирани за сообраќај, забележливо е зголемено полициско присуство, пешаците можат непречено да поминуваат, пренесува МИА.
МВР вчера информираше дека се преземаат мерки за безбедност во Куманово. И во денешниот извештај на Регионалниот Центар за управување со кризи, се пренесува информација дека добиле известување дека улиците се блокирани поради превентивни полициски активности.
На овие улици се сместени државни институции и установи, судот, СВР Куманово, општината, подружницата на „Македонски Пошти“, како и неколку подружници на државни институции.
Во текот на вчерашниот ден и кумановскиот градоначалник, Зоран Дамајновски, апелираше да не се шират шпекулации и конструкции за зголеменото полициско присуство и блокираните улици во центарот на градот, додека МВР не излезе со официјални информации. И тој рече дека добил информации оти станува збор за засилени мерки за зголемена безбедност во градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре