Едно зрно грав можеше да биде кобно за едно петгодишно девојче од скопски Сарај. Животот му го спасиле на Клиниката за уво, нос и грло. Тоа било доведено помодрено и во животозагрозувачка состојба на Клиниката, пишува порталот „Здравство24“.
На Клиниката веднаш бил мобилизиран тимот за ендоскопија. Девојчето итно било внесено во сала каде според лекарите секунди биле во прашање за спасување на детскиот живот.
– Детето беше помодрено и во животозагрозувачка состојба. Самата интервенција се состои во тоа што со метална шипка се влегува во белите дробови и самата интервенција е од висок ризик. Значи секунди се во прашање дали таков случај ќе го изнесете жив од операциона сала. Но туѓото тело е отстрането и сега детето е во добра состојба – вели д-р Горан Мицевски шеф на операциони сали на Клиника за Уво, нос и грло
-Од анестезиолошки аспект беше понудена поддршка бидејќи вакви туѓи тела прават отежнување на виталните функции особено на респираторните. Тоа беше направено и детето е спасено, вели д-р Ангелина Трајковска анестезиолог на Клиниката ОРЛ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст