Интернационалниот фанзин „Максимум рокенрол“ организира промотивен настан за покренување на свесноста на андергрунд заедницата. Со почеток во 13 часот, на 16 мај (сабота) во дворот на „Кула“ ќе има веганска храна и дистро изданија на познатите имиња од панк-рок сцената.
По попладневното матине ќе може да се проследат концертните настапи на скопските бендови „Лајтмотив“, „Суртуклер“ и „Арлекин“.
Максимум рокенрол“ е широко распространет фанзин кој ја покрива интернационалната сцена на панк и гаражен рокенрол од 1977 година. Својата мрежа на влијание ја врши преку дејноста на списанија, радио емисии и издавачка куќа. Волонтерската екипа на „Максимум рокенрол“ ја промовира и информира панк-рок сцената веќе долги години, а воедно ги задржува вредностите на андерграунд панкот со тоа што останува независна и нeпрофитабилна.
Настанот цели кон поддршка на DIY (направи сам) сцената, а воедно е манифест на приврзаниците на алтернативната сцена. За таа цел членовите на „Кула“ и „Храна, А Не Оружје“ ќе готват во духот на веганската кујна.Настанот ќе затвори во 19 часот со свирка на три актуелни панк-рок бендови (Лајтмотив, Арлекин и Суртуклер) кои ќе настапат за поддршка на „Максимум рокенрол“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.